стопира св. и несв.

стопира (св. и несв.)

Следниот што го стопираше немаше брада.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Првпат по толку пат Дедо Мраз ги стопира елените толку навропито што санките се испоудираа, а од нив се исполизгаа многу работи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ќе ги имаше истите долги прошетки со преплетени прсти, долги бакнежи и страст со која се стопира времето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакав да го стопирам времето, да потраат тие убави моменти.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога се вративме во Њујорк, ни се јави Џон и ни кажа дека го стопирале проектот заради „морални причини“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Накиснати ситуации резигнирано стопираат. Една напуштена надеж - Завива.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)